Дознајте сè за ФлуидПроект
Во досегашната работа, ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така сме дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.
Во нашето портфолио се застапени многу различни активности како проектирање и изведување системи за третман на отпадна вода од комунални објекти, кланици и месна индустрија, индустрија за кожа, млечна индустрија, индустрија за масло, хемиска индустрија и уште многу други.

ФлуидПроект е реномирана и целосно верифицирана компанија во изработката и споведувањето на технологиите за GMP-сертификација на системите за обработка на вода за медицински и фармацевтски потреби во Македонија.
Спортските и рекреативните базени и фонтани, опремата потребна за нив, како и нивното одржување, се дел од услугите и производите на ФлуидПроект.
Зошто да го одберете ФлуидПроект
Компанија со преку 25 години традиција на задоволување на потребите на своите клиенти
Опрема и резервни делови од реномирани светски брендови
Широк асортиман на производи и услуги за третман на вода
Докажана гаранција и квалитет на нашите услуги
Редовен и навремен сервис и одржување
Специјализирани услуги и производи, изведени и изработени според Вашите потреби и барања